За еден ден два тона омраза – Ерол РИЗАОВ

Сподели

erol-rizaov

Пишува: Ерол Ризаов

Никола Груевски уште првиот ден од кампањата посеа два тона омраза. Ја лансира старата ракета на меѓуетнички делби и нетрпеливост меѓу Македонците и Албанците. Отвори нови незалечени рани. Главниот влог е на картата на национализмот и шовинизмот спакуван во лагата која контролираните медиуми на власта ја верглаат дење ноќе повторувајќи ја илјада пати да ја претворат во вистина дека опозицијата и Зоран Заев сакаат да ја редефинираат, читај да ја поалбанчат Македонија и да ја поделат државата, да ја укинат унитарноста, да воведат двојазичност на целата територија, да го продадат името и националниот идентитет. Заев во Швајцарија и на Косово го ветил тоа. Со тие застрашувања и лаги дека ако не е ВМРО-ДПМНЕ, сите ќе учиме албански и ќе го сменат уставното име Груевски очекува 63 пратенички места и уште четири години апсолутна власт.

Мора да му е многу жешко на водачот штом му се малку за победа на изборите светските успеси и достигнувања во економијата, вработувањата со бришење на иселените млади луѓе кои заминале од државата од што им е многу убаво, изгледа не gruevski-kampanjaпомага многу за голема победа ни високиот стандард кој три четвртини од граѓаните не го чувствуваат, а една третина од населението гладува и не знае како ќе го помине денот. По се’ изгледа не носи гласови ни „Скопје 2014-2018“ и изградбата на споменици, барокни гаражи, жални врби, кораби и галии, стиропор и гипс-фасади, панорамски тркала и вртелешки, рајски градини и лажниот и кичерски барок и рококо. Веројатно поради тоа одамна овие успеси, со изградба на најскапата некропола во светот во центарот на Скопје, не се спомнуваат во предизборните кампањи, ниту во бесконечните редења на достигнувањата. Дури и изградбата на инфраструктура со која Груевски почна со големо задоцнување, дури пред две години по бадијала поарчени осум години од мандатите не дава гаранции за победа на изборите. Голем дел од јавноста ги слушна „бомбите“ дека и изградбата на патишта е подмачкана со дебела корупција и провизија.

Кога по десет години владеење без контрола не се доволни за изборна победа постигнатите резултати и потрошените над 20 милијарди евра пари на граѓаните вклучувајќи ги и големите заборчувања во странски и домашни банки, очигледно Груевски нема друг избор освен да оди на највалканата и најопасната популистичка пропаганда која лесно може да излезе од контрола.

Текстот во целост прочитајте го тука