Еднодневен штрајк во Грција, не работат болниците и поморскиот сообраќај

Сподели

thumbs_b_c_474adbbcebd15e7ebaf04cfa53b1a2c8

АТИНА (АА) – Вработените во јавните институции, медицинскиот персонал во државните болници и работниците во пристаништето денес најавија 24-часовен штрајк, како што најавија, поради мерките за штедење што се применуваат во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Федерацијата на вработените во јавниот сектор на Грција (ADEDY) најави еднодневен штрајк во знак на протест поради реформите за штедење, условите на работните места, но и поради намалувањето на платата.

Во штрајк стапија лекарите и медицинскиот персонал во државните болници, а пациентите ќе можат да се обратат само во итните служби, кои ќе работат.

Исто така, поради штрајкот на вработените, во пристаништето нема функционира поморскиот сообраќај.

Во рамките на минатогодишната програма за помош, во вредност од 86 милијарди евра, Грција зеде обврска да спроведе низа реформи, меѓу кои е промената на пензискиот систем и пазарот на труд, а за тоа да добие пари што ѝ беа потребни за да го избегне банкротот.