Политичките партии денеска влегуваат во шестиот ден на изборна кампања која треба да заврши на полноќ на 9 декември. Предвремените парламентрни избори се закажани за 11 декември.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе има митинг во Македонски Брод во 17.30 часот, а централниот митинг ќе го одржат во Кичево во 20 часот.
Караванот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе биде во Скопје. Попладневниот митинг во 17.30 часот ќе го одржат во Ѓорче Петров, а во 19 часот митинг ќе имаат во Карпош. Носителката на петата изборна единица, Радмила Шекеринска претпладне ќе има средби со граѓани во Охрид.
ДПА денеска митинг ќе има во Слатино, Теарце во 18.30 часот, а во 20 часот во Добридол.
Митинг на „Коалицијата за промени и правда“ во Драчево во 13 часот, а Слободан Богоевски, носител на кандидатската листа во Изборната единица 4 во ќе има прес-конференција во Струмица во 12 часот.
Алијанса за Албанците денеска ќе биде во Липково во 18 часот и во Арачиново во 20 часот.
Коалицијата „ВМРО за Македонија‘‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип во 19 часот на која ќе присуствуваат претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.