Жан Клод Јункер: Само единство на сите држави во Европската унија е излез од кризата

Сподели

junker

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, смета дека само единство на сите држави во Европската унија претставува излез од кризата.

Во интервјку за виенски Курир, тој вели дека е „реален оптимист“ кога се во прашање совладување предизвици со кои се соочува ЕУ – од миграција, климатски промени до глобализација, и државите членки знаат дека не можат сами да ги решат.

– Ќе изградиме безбедна унија, ќе се поврземе подобро и ќе разменуваме информации за да се бориме со тероризмот. Ќе ставиме и на располагање вкупно 630 милијарди евра за нови инвестиции. Тоа ќе создаде нови работни места и шанси, нагласи Јункер.

Тој истакна дека кризите Европа ја правеле посилна и оти „Европа е историја на успех од учење“.

Во врска со формирањето европска армија тој вели дека тоа е долгорочен проект.

– Европската војска е долгорочен проект. Дотогаш има долг пат. Комисијата до крајот на месецот ќе предаде предлози, со цел државите членки веќе да не инвестираат и истражуваат посебно, туку заедно. Недостигот од соработка ја чини европа во одбранбени прашања секоја година меѓу 25 и 100 милијарди евра кои треба подобро да ги инвестираме во нашата иднина, објасни Јункер.