Авион со 72 патника и девет члена на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.
На местото на авионската несреќа пристигнале спасувачки екипи кои им помагаат на преживеаните, а досега не е соопштено дали и колку лица го загубиле својот живот.
Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.
Засега не е позната причината за несреќата.