ВАШИНГТОН (AA) – Убиен е 18-годишниот Абдулрезак Али Артан роден во Сомалија, кој во понеделник ранил 11 лица на Државниот универзитет во американската сојузна држава Охајо, јавуваAnadolu Agency (AA).
Артан бил студент на истиот универзитет, а полицијата го уби по изведениот напад.
Полициски службеници во Охајо организираа конференција за медиуми по нападот на која потврдија дека нападот го извел Сомалиец Артан кој бил студент на тој универзитет.
Истакнаа дека во е во тек истрагата за тоа дали се работи за терористички напад. Нагласија дека првобитно располагаа со информации дека во нападот се ранети девет лица. Меѓутоа, во нападот се ранети 11 лица.
На Државниот универзитет во Охајо во кампусот Колумбус, еден од најголемите американски универзитети, студираат околу 60 илјади студенти.