Државната изборна комисија од денеска до четврток, ќе ја спроведе последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.
Од ДИК соопштија дека денеска ќе се едуцираат општинските изборни комисии во Скопје, Штип, Прилеп и Битола, а утре во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и Гостивар. Последниот ден, работилница ќе се одржи во Куманово.
Во рамки на работилниците, на кои ќе можат да присуствуваат и акредитираните набљудувачи и новинари, ќе биде презентиран едукативниот видео прирачник, кој ДИК го изработи со помош на Мисијата на ОБСЕ.