НГМ: „Конекција 2” – групна изложба на македонски автори

Сподели

izlozba

Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во галеријата Мала станица ќе отвори групна изложба „Конекција 2”, на ликовни дела на автори  од неколку градови на Македонија и од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.

Ќе бидат претставени делата на Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Горан Тричковски и Јовица Миленов од Делчево, Марјан Ѕин од Струмица, Перица Георгиев, Слободан Милошески и Јана Луловска од Скопје и на Иво Пецов и Маријана Иванова од Виница.

Авторите од „Конекција 2” живеат, работат или студираат во Софија, а со оваа изложба се претставуват пред домашната публика за да ги зацврстат и продлабичат своите контакти со колегите и публиката во Скопје.

– Концептот „Конекција 2” се појави со иницијативата на директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров, и наиде на позитивен прием од македонските ликовни уметници. Тие беа претставени на повеќе групни изложби во бугарските градови Велико Трново, Благоевград, Русе, Пловдив, Стара Загора, Созопол, Харманли и во Софија, соопшти НГМ.