Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Штип рече дека јавното признание на високите претставници на ДУИ дека УЧК ги водела Владата и Собранието, а дека албанскиот јазик се спроведува во сите институции, му ја урна темата на Груевски со која тој ја гради својата предизборна кампања за наводната федерализација и кантонизација на државата.
– Во овие последни денови од кампањата, барам сериозност од Груевски и Ахмети да не се обидуваат повторно да играат на националистички карти и да престанат да сеат меѓуетничка омраза меѓу граѓаните. За десет дена власта оди во рацете на граѓаните. Федерализација ќе нема, ама конфискација на имот ќе има – рече Заев на митингот во Штип.
Лидерот на СДСМ го коментираше и барањето на Груевски, граѓаните да му помогнат да освои 63 пратенички места.
– Можам да се обложам со секој од вас овде, дека нема да освои повеќе од 43 пратенички места – рече Заев.