-Имам посебна чест од градот по Марковите кули, да ја повикам цела Македонија, но и прилепчани, да се приклучат на утрешниот голем граѓански митинг. Во недела, во 18 часот, кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија, рече Заев.
-Еден голем граѓански митинг, за да повикуваме конечно кон слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија.
Тргнувањето од Прилеп е во 14 часот, од повеќе локации во Прилеп. Навистина овој историски момент треба да го зграпчиме и да го искористиме.
Да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија.
Убеден сум, дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир. Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија.