Коалиција за промени и правда: Не се плашете, гласањето е тајно, а режимот ќе падне, ќе тресне со општонародна одлука

Сподели

unnamed-267

Денеска, Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Слободан Богоески и кандидатите за пратеници во втората изборна единица, престојуваа во Куманово, каде граѓаните се силно и цврсто определени, на 11 декември, да излезат и да гласаат за пад на режимот, за да се случат промени. На прес конференцијата Павле Трајанов, носител на кандидатската листа на пратеници во првата изборна единица, ги повика граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, како гарант за стабилност, сплотеност и единство.

– Со поддршката која ја имаме, очекуваме, со само 20 пратеници, да го срушиме и демонтираме овој еднопартиски, олигархиски и криминален режим, кој ја доведе државата во тешка криза, а народот во невидена несигурност, неизвесност и сиромаштија. Во прашање е доведена иднината на државата, затоа ни треба поддршка. Ќе преземеме робусни мерки против криминалците во власта, и за година дена ќе се справиме со политичката мафија, а украдените пари ќе им ги вратиме на граѓаните.

Со стратешкиот проект ДЕКРИ, гарантираме дека 6 милијарди евра украдени од граѓаните, ќе ги вратиме на граѓаните. За младите и креативни кадри, ќе создадеме услови да се отворат над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат на 90.000 невработени лица, кои самите ќе создаваат, градат и творат, овде во Македонија. Слушам дека власта ги пакува куферите, затоа ги повикувам, припадниците на службите за безбедност, на 11 декември, да ги затворат границите, за да не побегнат претставниците на криминалниот режим – рече Трајанов.

Јове Кекеновски, носител на листа во втората изборна единица рече дека Куманово е најголема македонска општина со нешто повеќе од 103.000 жители.

– Градот од кој криминалните структури на партиите на власт сакаа да почне нова војна во Македонија . Партиите на власт ја кријат вистината за Диво Насеље, но таа по 11 декември ќе излезе на виделина. Ние од Коалицијата за промени и правда нема да калкулираме со ниеден случај заради собирање на политички поени или пак за да се пазариме со некоја партија, туку за што ќе дојдеме до сознание се ќе и презентираме на јавноста, вистината и правдата не тршат калкулации. Во таа насока ќе побараме ревидирање на сомнителните судски одлуки и поништување на монтираните политички процеси со кој многу луѓе лежат невини по затворите. Ќе се избориме за независно судство преку реформа на судскиот систем и негово ослободување од притисоците на дневната политика. Коалицијата за промени и правда не бара 63 послушници туку бара пратеници кои ќе се спротивстават на режимот и кои ќе му овозможат на СЈО докрај да ги спроведе сите истраги и виновниците да бидат казнети. Куманово е лулката на белата чума која испрати надвор голем број млади луѓе по Авганистан, Иран, Ирак во потрага по заработка за парче леб. Тие беа принудени да ги остават семејствата во потрага по поубава иднина. Во нашата програма нуди реални проекти за враќање на младите во својот дом – оцени Кекеновски.

Слободан Богоески, нагласи од Куманово им порачува на тие што манипулираат со лажните анкети, дека тие нема да го спасат режимот, кој е веќе во „кома”, повикувајќи ги граѓаните да излезат масовно и да гласаат за Коалицијата за промени и правда.

– Не се плашете, гласањето е тајно, а режимот ќе падне, ќе тресне со општонародна одлука – нагласи Богоески.