МЕНДУХ ТАЧИ: Нашиот предлог е да се донесе закон за фискална амнестија

Сподели

menduh13894555241

Демократската партија на Албанците вечерва одржа предизборен митинг во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Лидерот на партијата Мендух Тачи барајќи ја довербата од стружани, пред партиските членови и симпатизери вети доколку ја добијат власта ќе се борат за правата на Албанците. Според него, политичкиот противник од власта, ДУИ води кампања со стари ветувања, а нема исполнето ниту едно иако е долго време на власт.

Тачи најави фискална аменстија и албанските граѓани да бидат економски рамноправни со останатите.

– Нашиот предлог е да се донесе закон за фискална амнестија. Сметаме дека државниот буџет треба да оди кај Албанците. Тие да бидат економски рамноправни со другите граѓани и после да плаќаат давачки. Ќе воведеме и кривична амнестија за случаите „Куманово“, „Сопот“ и „Монструм“, да одат на повторно судење, со други судии и обвинители, изјави Тачи по завршувањето на митингот во Струга.