Долниот дом на британскиот Парламент вчера со големо мнозинство го поддржи планот на Владата за почеток на преговорите за излез на земјата од ЕУ до крајот на март следната година.
За оваа одлука гласале 461 пратеник, додека 89 биле против.
Опозициската Лабуристичка партија поднесе предлог, во кој ја повикува Владата да го претстави својот план за напуштање на ЕУ, пред да биде активиран Членот 50 од Лисабонскиот договор и да започне официјален процес за Брегзит.
Владата го прифати тој необврзувачки предлог, но за возврат побара од пратениците да го почитуваат резултатот од референдумот и да ја поддржат временската рамка за Брегзит.