Организацијата МОСТ ги соопшти последните податоци за излезноста на овие избори.
Рекордна излезност е забележана во ИЕ4 каде носители на листи се Зоран Заев и Никола Груевски – 72,95 отсто.
Во првата изборна единица до 18 часот излезноста била 71,44 отсто, во втората изборна единица 64% а во третата Изборна единица излезноста била 70,31 отсто. Во Изборната единица 5 излезноста била 62,25 отсто, а најниска излезност е забележаво во изборната единица 6 од само 50,28 отсто.
МОСТ извести и за бројни нерегуларности, како што се непочитување на постапката на гласање, семејно гласање, гласање без да се провери дали има мастило на прстот на гласачите, потоа фотографирање на гласачки ливчиња, па до поткуп на гласачите.
Неправилности имало во Тетово, Ѓорче Петров, Аеродром, Кавадарци, Липково или Карпош. На Аеродром имало четири случаи на семејно гласање со злоупотреба на 30 гласа, случаи во кои не било проверено дали има невидливо мастило на прстите на гласачите а на тројца гласачи кои имале невидливо мастило им било дозволено гласање. Во оваа општина на едно гласачко место гласањето било прекинато десетина минути. Во Карпош член на Избирачкиот одбор од политичка партија го изнел списокот надвор.
За сите нерегеуларности е известена Државната изборна комисија.