Научна конференција – „70 години Институт за историја“

Сподели

Меѓународна научна конференција „70 години Институт за историја – 70 години македонска историографија“ денеска и утре ќе се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје.

Конференцијата се одржува по повод 70-годишнината од основањето на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје.

Според програмата, на отворањето на конференцијата предвидено е да се обратат заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински и раководителот на Институтот за историја Ванчо Ѓорѓиев.

На конференцијата свои излагања ќе имаат професори од Бугарија, Романија, Турција и од Македонија.