Началникот на СВР Куманово се обрати пред насобраната толпа

Сподели

Началникот на СВР Куманово,  Стојанче Величковиќ предмалку излезе пред насобраната толпа, качувајќи се на кровот од полицискиот џип, и замоли масата да се разиде, за да може специјалците да заминат од неговиот дом.

Величковиќ, најверојатно по разговор со специјалците и крим техничари, пред масата порача дека нема да биде приведен, и замоли масата да се разиде.

  • Ова е монтиран процес против мене од  Јавниот обвинител Марко Зврлевски и од Митко Чавков, и ве молам да се разотидете за да специјалците го напуштат мојот дом. Нема да бидам приведен, порача Величковиќ.

Толпата се разиде на другата страна од улицата заедно со началникот, а специјалците кои се уште не се заминати, стојат пред вратите на Величковиќ. Во одбрана да биде приведен, пред домот на Величковиќ во рекордно време се собраа многу граѓани и партиски членови на СДСМ, кои го повикаа и тимот на ОБСЕ за да го регистрира обидот за апсење на началникот Величковиќ.

Неговото приведување следи само 48 часа по завршување на изборите и разрешувањето на Оливер Спасовски од функцијата министер на МВР.

Во моментот на објавувањето на веста, специјалците си заминаа, јавува репортерот на Кумановски Муабети кој се наоѓа на местото на настанот.

kumanovskimuabeti.mk