Прв Центар за поддршка на лицата со оштетен вид

Сподели

Во Скопје денеска ќе биде отворен првиот Центар за поддршка на лицата со оштетен вид, којшто ќе биде раководен од Црвениот крст на Град Скопје во соработка со Унијата на слепи во Македонија.

Центарот е отворен со поддршка на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот (CwVIP), кои ги продолжуваат активностите во наредните 36 месеци во Црвениот крст на град Скопје.

Главна цел на центарот е да обезбеди поддршка и обучување за лицата со пречки во видот и нивните семејства. Проектните активности опфаќаат работилници, психо-социјална поддршка, подигање на свеста за правата на лицата со оштетен вид и поддршка при вработување.