Заев на средба со коалициските партнери

Сподели

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, вчера попладне се сретна со партнерите од коалицијата.

„Упатени се честитки и поддршка на претседателот Заев за упорноста, храброста и мудроста со којашто тој го водеше целиот процес околу организирањето и спроведувањето на парламентарните избори коишто донесоа промени во Македонија.

Партнерите се согласни дека на изборите победи концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, бидејќи над 600.000 граѓани дадоа поддршка за живот, против режимот.

 Констатирано е дека демократските промени во Македонија веќе се случуваат. Македонија ќе добие Влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата.

Се разговараше и за реализацијата на првите приоритети што ќе донесат добар живот за граѓаните, како и за реализацијата на реформските приоритети од Извештајот на Прибе што ќе ги отворат перспективите на Македонија кон светот.

На средбата стана збор и за отворање можности за коалицирање со цел формирање стабилна Влада на сите граѓани на Република Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.