Во Белгија приведен директорот на новинската агенција на ПКК

Сподели

Во Белгија по барање на Турција беше уапсен медиумскиот директор на новинската агенција Фират (ANF), Максим Азади, поради неговата поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Според белгиската новинска агенција „Белга“, Максим Азади е приведен во четвртокот во градот Турнаут, при една рутинска полициска контрола. Максим Азади во петокот излегол пред суд при што му е одреден притвор поради „истрага против него”.

Турција го обвинува Максим Азади за соработка со терористичката организација ПКК и поднела барање до Интерпол за негово фаќање.

Неговиот адвокат поднесе жалба за ослободување на Азади. Жалбата ќе биде разгледана во петок во судот во градот Турнаут.

-Тужбата против ПКК во Белгија –

Белгија во 2006 година започна истрага за 36 водачи на ПКК меѓу кои и Ремзи Картал и Зубејир Ајдар. Во ноември истрагата премина во тужба, но одделот за истрага во Брисел под образложение дека „ПКК не е терористичка организација” ја отфрли тужбата. Федералното јавно обвинителсто даде приговор на оваа одлука.

Турција ја критикува Белгија дека не соработува доволно во борбата против тероризмот. Белгија е земја од кадешто ПКК емитува ТБ програми, но и земја во која живеат неколку од таканаречените лидери на организацијата.