Отворена е книга на жалост во германската амбасада во Скопје

Сподели

Амбасадата на Германија отвори книга за сочувство поради терористичкиот напад што се случи на 19 декември во Берлин, соопштија од амбасадата.

Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската амбасада од 21. до 22. декември 2016 година од 9 до 16 часот, а на 23 декември 2016 година од 9 до 12 часот.

Пред два дена на божиќен базар во Берлин влета камион и усмрти 12 лица, а повеќе од 50 луѓе беа повредени.