Ахмети за утре свикал средба на сите албански партии

Сподели

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за утре во 13 часот испратил покана за средба до сите лидери на албанските политички партии во Македонија, објави „Порталб“.

– На утрешната средба повикани се сите албански партии без исклучок – изјави портпаролот на партијата, Бујар Османи.

На средбата се очекува да се разговара за политичката состојба во земјава, која настана по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 овој месец.