Малта: Патниците од киднапираниот авион се враќаат дома

Сподели

ВАЛЕТА (АА) – Патниците од киднапираниот либиски авион, кој беше пренасочен во Малта, го напуштија медитеранскиот остров и се враќаат дома, јавува Anadolu Agency (AA).

Кармело Абела, министерот за внатрешни работи на Малта, изјави дека сите патници утринава ја напуштиле неговата земја.

Двајцата либиски киднапери вчера го пренасочија авионот на домашни летови во Либија, за да побараат азил во Европа и да создадат нова полтичка партија во чест на убиениот либиски владетел Муамер Гадафи, велат официјалните лица.

По неколку часа, киднапирањето се заврши мирно, ослободени се сите 117 патници и членови на екипажот, а киднаперите се предадоа на властите во Малта.

Полицијата во Малта, соопшти дека двајцата киднапери, кои се заканувале дека ќе го разнесат авионот со рачни бомби, најверојатно ќе бидат обвинети денес.