ЧИЛЕ: Земјотрес со јачина од 7,7 степени, предупредување за цунами

Сподели

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтерова скала го погоди јужниот дел на Чиле, а властите издадоа предупредување за цунами.

Предупредувањето важи за зоната која се наоѓа околу илјада километри од епицентарот на потресот кој се случил на 225 километри југозападно од местото Пуерто Монт.

Пацифичкиот центар предупреди дека се можни опасни бранови на крајбрежјето кое се наоѓа на 1.000 километри од епицентарот.

Чиле се наоѓаа во „огнениот појас“ на Пацификот каде има засилена сеизмичка активност.