МОСКВА: Уапсени седум лица кои подготвувале напади за Нова година

Сподели

Руските безбедносни агенции уапсиле седум лица осомничени дека планирале терористички напади во Москва, за време на дочекот на Нова година, по налог на Исламска држава.

Федералната служба за безбедност, антитерористичката агенција и службата за внатрешна безбедност денеска соопштија дека осомничените се уапсени во Дагестан, Северен Кавкваз.

Уапените подготвувале напади со автоматско оружје и со експлозив на прометни места, се наведува во соопштението.

Според изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, и на други претставници, илјадници граѓани на Русија и на други поранешни советски републики се приклучиле кон Исламска држава во Сирија.