Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, протера 35 руски дипломати, а затворени се две руски претставништва во Њујорк и во Мериленд, како одговор на кампањата на вознемирување на американски дипломати во Русија, пренесуваат светските медиуми.
Обама ги опишал овие дипломати како „оперативци на известувачките служби“, а ним им биле дадени 72 часа да си заминат од САД.
Обама претходно најави активности против Русија поради наводното директно мешање во претседателските избори и хакерските напади за време на изборната кампања.
Русија негираше какво било мешање за време на претседателските избори во САД.