Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во државите што припаѓаат на еврозоната, во декември се зголеми на највисоко ниво во последните три години, главно поради зголемување на трошоците за енергија.
Европската статистичка агенција (Евростат) соопшти дека годишната стапка на инфлација се зголемила на 1,1 процент во декември од 0,6 отсто во ноември.
Декемвриската стапка е највисока од септември 2013 година, кога инфлацијата исто така изнесувала 1,1 процент.
Бројката е во прилог на Европската централна банка, која настојува да ја намали инфлацијата под два проценти.