Бегалскиот камп кај Идомени е целосно испразнет

Сподели

IMAG6978-860x680

Бегалскиот камп кај Идомени е целосно празен. Мирно и без проблеми заврши тридневната полициска акција. Околу 4.000 бегалци овие три дена се преселени во бегалски центри во Солун, Кукуш и Пиреја.

Во вторникот беа пренесени нешто повеќе од 2.000 бегалци, а вчера 1.006 луѓе.

Неизвесно е каде се останатите 3.000-4.000 бегалци, ако се има предвид дека во понеделникот пред почетокот на акцијата во кампот имаше официјално 8.400 бегалци.

Неофицијално се проценува дека дел од бегалците се избегани и се кријат во пограничните планински села, а другите се во помалите кампови околу автопатот кај Идомени. Дел од бегалците и самостојно тргнаа кон центрите, неволни да влезат во организираниот превоз.

Во Идомени се очекува да пристигне министерот за цивилна заштита, Никос Тоскас и да даде проценка за ситуацијата.

Утринава министерот за миграција, Јанис Музалас изјави дека владата ќе направи напори да не се создаде одново бегалски камп кај Идомени.

Расчистена е и железничката пруга, крената е ограда околу неа за да се избегнат идни блокади и оценките се дека од утре ќе се нормализира железничкиот сообраќај.

Извор:meta.mk

http://meta.mk/begalskiot-kamp-kaj-idomeni-e-tselosno-ispraznet/