Ја подржувам заедничката декларација на ДУИ и двете коалиции на партии. Подолу ќе наведам неколку нешта во неа кои никако не ги подржувам, делови кои посебно ми се допаѓаат и нешта што фалат и кои се надевам дека ќе ги има во посебните преговори за влада кои сепак секоја партија и коалиција ќе ги води засебно со мандатарот или мандатарите.
Прво една назнака дека секој кој во ова гледа само етничка хегемонизација нека ја прочита убаво со сите општи работи како владеење на право, евроинтеграции, редецентрализација и посебно двете разграничувања на ова декларација со тоа дека е за неколку мандата и во согласност со закони и устав на РМ.
Дислике: на празничен ден за сограѓани кон кои требало со посебна грижа да се обзнани ова декларација.
Владеењето на право со се Прибе, СЈО требаше да биде погоре. Не може да исправиш држава која ја нема, вака изгледа како расправа за купеа и седишта во воз кој излетал од шини.
Неспомнувањето на претежно македонските политички коалиции со кои сепак ќе треба сето ова да се направи.
Непостоењето на барање за специјално суд или судско оделение со кое барем малку ќе се оправдаше тотално непотребната посета во Косово. Вака барем ќе можеше да се каже па ете таму ќе има СС и добро е за држава.
Лике за активно учество во добрососедски односи името и симболите на државата. Химната и грбот останале уште од ОРД иако досега неспомнати се заборавија како тема. Упорното наметнување на прашањето за името и како прашање на идентитетот на државата донесе до ова да за идентитетот на државата треба сите да се прашат.
Лике и за културните установи на централно и локално ниво, посебно зошто децентрализацијата во културата никако не се направи.
Лике и за контрола на распределба за општини и региони што е нешто што сите треба да го подржат оти да не заборавиме дека непропорционални милиони на два мандата отидоа само во една општина без никаков критериум.
Резолуцијата треба но временската рамка е тотален промашај, политички немаше Македонија пред 1944. Исто и опфатот треба да се преиначи и да бидат опфатени и македонци и турци од првите години на воспоставување на комунистичката власт во Македонија зошто и тие доживеале налик геноцидни дејанија како и албанците.
Ужасно недостигаат Пописот и преиспитувањето на трите претежно криминално водени процеси во МК од кои им беше нанесена неправда на албанците и на другите: денационализација, приватизација и лустрација.