Американскиот интернет гигант Yahoо ќе смени името во Altaba, а извршниот директор Мариса Мајер ќе го напушти одборот на директори, по завршувањето на договорот со Verizon Communications.
Според договорот Yahoo ќе ги продаде основните интернет операции на телекомот, кои вклучуваат дигитално рекламирање, email услуги и медиумски канал. За нивното стекнување Verizon ќе плати 4,83 милијарди долари.
Стекнувањето ќе го одбележи крајот на интернет компанијата. Yahoo ќе поседува само 35,5% удел од Yahoo Јапонија, како и 15% од кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba Group Holding Ltd.