Граѓанската војна во Сирија преточена во цртежи – “Бегство за подобро утре”

Сподели

Шерго Муса и Назли Абду и нивните три деца веќе 10 месеци се заглавени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. За време на нивниот престој таму, несреќите кои ги сретнале при патувањето и граѓанската војна во Сирија, ги преточиле во цртежи кои сега се изложени во Кинотеката на Македонија.

За нив, изложбата од продажен карактер претставува начин да ја прикажат судбината на бегалците кои поминаа и кои се уште се заглавени во Македонија. Воедно е и можност да заработат малку пари за подобар живот додека се овде.

Изложбата ја посветуваат и на другите две деца кои не се со нив – ќерката во Сирија, а синот во Австрија. Велат дека каде и да ги примат, ќе имаат подобар живот отколку во кампот.

Настанот е организиран од Претставништвото на УНХЦР Скопје и Центарот за управување со кризи, а куратор е академската сликарка Маја Стефановска.

Во видеото за Радио МОФ, во нивно име зборуваше нивната ќерка, која добро го познава англискиот јазик.

radiomof.mk