Со употреба на прополис, човекот го намалува ризикот од разни болести, пред се од надворешните влијанија, посебно бактерии, вируси и габични инфекции. Со еден збор го спречува имунитетот да слабее.
Присутноста на прополисот во нашето тело е многу важна, зошто таа супстанција ги потсетува имуните ќелии на нивната обврска спремно да ги дочекаат причините за бројни болести а со тоа и ефикасно да го заштитат организмот. Како перфектен фармацевт, пчелата ни покажува како да користиме прополис: така што ќе го чуваме во куќата, како таа што го чува во кошницата. Грутка прополис, тешка 40 до 50грама, треба да се стави во секоја просторија каде човекот одмара и спие. Со неговото присуство и испарувачки мирис, прополисот дејствува на квалитетот на воздухот во просторијата а освен тоа го дезинфизира просторот во кој живееме. Со гмечење на прополисот во текот на денот, вршиме дезинфекција на рацете. Кај пушачите тоа делува на намалување на желбата за пушење на тутунски чад..
Прополисот може да се внесува во телото на повеќе начини, а еден од нив е тинктура, односно растворен во алкохол. Во 100 мл се става 40гр прополис грутка или издробен , па повремено да се протресе за да се раствори. После 10 до 15 дена се цеди низ газа или филтер. Талогот се остава зошто може да се употреби при повреди или рани. Исцедениот прополис се става во темно шише. Тој раствор се смета за јак, па употребата на капки треба да биде умерена , најмногу до 30. За мали деца се препорачува до 5 капки, најчесто измешано со вода, млак чај или друг пијалок.
Прополисот може да се измеша и со маслиново масло. Прво се замрзнува, па се мели – да се добие прав, а потоа 100 мл маслиново масло се меша со 20 гр мелен прополис. Пред секоја употреба, растворот се протресува за да се измеша. Се користи за надворешна употреба на пример: во случај на заболена кожа или нејзино оштетување, како и при повреди. Тинктурата од прополис со алкохол или раствор со маслиново масло може и сами да ја приготвите, што е најсигурно и најевтино.
Прополисот може да се џвака. Доволно е да се држи во уста во величина од зрно грашок или помало за да ја дезинфицира усната празнина. Тоа ја намалува можноста да дојде до респираторни инфекции, заболување на непцата и забите. Научно е докажано дека прополисот делува како природен антибиотик. За разлика од синтетичките антибиотци, со неговата честа употреба микроорганизмите не стануваат отпорни (резистентни), така да употребата треба да биде со временско ограничување. Мора да се напомене дека во природата тешко доаѓаме до прополисот, со оглед на тоа дека на пчелите не треба да им се одземе многу прополис од кошничката, за да не се поремети нивниот развој и здравје.
Се препорачува прополисот во во природна состојба да се набави од пчелар, или од саем на мед – каде директно се доаѓа до пчеларите: во капки, мелен или грутки. На пазар често може да се најде во шишенца на кои пишува прополис капки ( и тоа во разни проценти, најчесто 20-30 проценти) но и не мора да значи. Прополисот наоѓа примена на многу начини во случај на разни болести. Една од терапиите е одмор во текот на пчеларската сезона во непосредна близина на пчеларникот и кошницата. Кога пчеларот ќе ја отвори кошнивата, треба да се вдиши воздухот кој се меша со мирис на прополис и други пчелни производи. Таквата инхалација е единствена, нигде на друго место не може да се добие. Кај пчелите се е совршено, инаку како би постоеле цели 250 милиони години.