ЗИГМАР ГАБРИЕЛ: Потребна е поголема самодоверба на ЕУ

Сподели

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел изјави дека не ги потценува коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во врска со Европската Унија и НАТО, но оцени дека Европа со Трамп треба да се соочи со самодоверба, пренесува МИА.

Изјавата на Габриел доаѓа откако Трамп изјави дека НАТО е застарено, а дека Европската унија ќе ја напуштат и други држави.

– Мислам дека ние, Европејците, не би требало да паднеме во длабока, голема депресија. Не го потценувам она што Трамп го кажа, посебно во врска со НАТО и ЕУ, но малку самодоверба добро би ни служело во таква ситуација, изјави Габриел за „Билд“.