САД: Илјадници луѓе маршираа против Трамп, омразата, ксенофобијата

Сподели

Стотици илјади луѓе вчера излегоа на повеќе од 600 протести насекаде во светот, демонстрирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува.

Организаторите на протестите истакнаа дека не протестираат само како движење насочено против Трамп, туку и против говорот на омраза, реториката исполнета со омраза, омразата кон жените, ксенофобијата, хомофобијата и верската нетолеранција.

 

Главниот протест се одржуваше во Вашингтон, каде илјадници луѓе му се приклучија на „Женскиот марш“, на кој меѓу другите се обратија и активистиката за човекови права Анџела Дејвис, пејачката Кејти Пери, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад и Скарлет Јохансон.

 

На „Женскиот марш“ му се приклучија и илјадници луѓе во Австралија и во Нов Зеланд, а протести беа одржани и во Лондон, Париз, Берлин, Амстердам и во други европски градови.

meta.mk