Забраната за влез во САД на државјани од седум муслимански земји која ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп ќе го спречи иранскиот режисер Ашгар Фархади да присуствува на церемонијата на доделување оскари, иако неговиот филм е номиниран за оваа награда.
Иран е на листата земји на чии граѓани им е забранет влез, додека Филмот на Фархади „The Salesman“ е номиниран за оскар во категоријата најдобар странски филм.
Претходно и главната актерка во филмот, Таранех Алидости, на Твитер објави дека ќе ја бојкотира церемонијата на американската филмска академија во знак на протест на предложената забрана за визи на бегалци на Трамп.
Фархади е режисер и на филмот „A Separation“, кој во 2012 година стана првиот ирански филм кој доби оскар.
Церемонијата на доделување оскари оваа година ќе се одржи на 26-ти февруари.