Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана.
Иако лидерите на Германија и САД претходно во телефонски разговор се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот, Меркел смета дека не е оправдано луѓето од одредена религија или потекло да се ставаат под сомнение за тероризам.
Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати повикот на Меркел за присуство на самитот Г-20 во Хамбург во јули оваа година.