Успешно тестирање: Кина го лансира на пазарот новиот патнички авион C919

Сподели

Новиот голем патнички авион C919, кој е произведен во Кина, ќе почне да лета до средината на оваа година, а станува збор за кинески производ којшто ќе биде конкурент на авионите на „Ербас“ и на „Боинг“ од таа класа, јавува Anadolu Agency (AA).

Комунистичката партија на Кина соопшти дека авионот C919 успешно ги поминал сите тестови и дека е подготвен да лета.

Станува збор за авион којшто е дизајниран и произведен од кинеската корпорација за комерцијална авијација (COMAC).

Претставникот на COMAC, Ли Чанг изјави дека се тестирани сите делови и опремата на новиот патнички авиони за транспорт на 158 до 168 патници.

Авионот C919 е еден вид реакција на кинеските власти на доминацијата што во класите на големите патнички авион ги имаат новите генерации на „Боинг 737“ и „Ербас 320“.

Ова нема да биде првиот патнички кинески авион на пазарот.

Во јуни минатата година, комерцијалните летови ги започна и кинескиот авион ARJ21, кој е наменет за регионални дестинации.