Под наслов „Вкусот на текстилот“ денес (07.02) во 20 часот во „Јавна соба“ ќе се одржи продажна изложба на македонски пионерски брендови.
Имено, станува збор за млaди креативци од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршки факултет од Скопје, кои три месеци работеле на развој и производство на иновативни призводи од текстил. Производите се целосен пазарен новитет од аспект на функционалност, секој еден производ има две и повеќе функции, прилагоден е на урбаните очекувања и можности, лесен е за производство во соработка со локални производители што на некој начин го обезбедува опстанок на овие пионерски брендови и е гаранција за нивен понатамошен развој, велат организаторите од Јавна соба.
Изложбата на инсистирање на организаторите е со продажен карактер. Велат, има доволно уметници во земјава, но недостигаат дизајнери и обазование кое пазарно ке ги насочи уште од самиот старт.
На изложбата посетителите ќе имаат можност да видат 10 изработени производи во мини серии кои се резулатат петдневната работилница за време на „Skopje Design Week 2016“ и пост-продукциски процес од 3 месеци. Ќе видиме престилки за готвење кои можат да бидат кабаници за дожд или торби за пазарење, ракавици за чистење прашина и футрола – држач на мобилен, торба и фустан за на плажа и многу други интелегентно споени фунции.
Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, дизајн центарот „Јавна соба“ и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје
Влезот е слободен.