Италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минити вчера изјави дека Италија ќе го зголеми бројот на мигранти за депортација кои немаат право на престој во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој додаде дека ќе биде отворен нов центар за мигранти кои ќе се праќаат назад во татковината.
Италијанското Министерство за внатрешни работи во декември соопшти дека во 2017 година ќе заземе многу посложен став кон мигрантите.
„Мораме да ги депортираме оние кои немаат услови за заштита и го кршат италијанскиот закон”, им изјави Минити на претставниците во Долниот дом на Парламентот.
Инаку, во 2015 година се депортирани помалку од 4.000 мигранти, додека за 2016 година сè уште нема службени податоци.
Италија, минатата година прими рекордни 181.000 мигранти кои стигнаа по морски пат. Од почетокот на оваа година стигнаа околу 9.000.