Ердоган го одобри законот за уставните промени во Турција

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го испрати до Владата на Република Турција претходно усвоениот закон за уставните промени, според кој оваа земја, меѓу другото, преминува и на претседателски систем, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Турција наведено е дека Ердоган до надлежните институции им го испратил Законот за уставните промени, после што следува распишување на референдумот.

Граѓаните на Турција најверојатно на 16. април оваа година ќе излезат на седми референдум од основањето на републиката, а ќе гласаат за сет уставни промени од 18 амандмани кои во два круга од гласањето ги усвоиле пратениците во Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ).

Сетот од уставните промени најпрвин се состоеше од 21 амандмани, за да бројот на амандманите подоцна биде намален на 18. Една од најважните ставки во сетот на уставните промени е воведување на претседателски систем. што подразбира и намалување на бројот на министерствата.

Исто така, лицето кое ќе биде избрано за претседател нема да ја прекине врската со својата партија. Претседателот на државата, исто така, ќе има овластување за именување на високи функционери во јавната администрација.

Уставите измени опфаќаат измени според кои бројот на пратениците во турскиот парламент од 550 се зголемува на 600. Минималната возраст за влез во турскиот парламент ќе биде намалена од 25 на 18 години. Покрај АК Партијата, сетот на уставните промени го поддржа и опозициската Партија на национално движење (МХП).

Премиерот Бинали Јилдирим претходно укажа на важноста на уставните промени во Турција, изјавувајќи дека претседателскиот систем значително ќе придонесе кон понатамошно јакнење на развојот на Турција во сите области.