СОЛУН: Се деактивира и отстранува бомба од Втората светска војна

Сподели

 

Грчките власти организираа масовна евакуација на жителите на Солун, за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна.

Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото на кое се наоѓа, а оваа операција според експертите ќе трае најмалку неколку часа.

Евакуацијата започна утрово во 6 часот по локано време, а жителите со автобуси се пренесуваат на оддалеченост од најмалку два километри од бомбата. Луѓето се сместени во училишта, по ресторани и стадиони.

Властите исто така го евакуираат и бегалскиот камп што е во близина, а во кој има 450 луѓе.