Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е планиран за лансирање во 2018 за кој се вели дека ќе биде научен наследник на Хабл телескопот. Цената на телескопот до лансирањето ќе изнесува околу 9 милијарди долари. Неговото огледало со пречник од 6,5 метри е обложено со тенок слој злато, бидејќи тој елемент најдобро ја одбива инфрацрвената светлина за која и е наменет. Примарното огледало е составено од 18 засебни шестоаголни огледала произведени од легура на берилиум, да се добие цврстина и мала маса за да биде возможно да се лансира во орбита. Џејмс Веб телескопот ќе работи во режим помеѓу видлива црвена и инфрацрвена светлина.
Џејмс Веб телескоп
Примарното огледало на Џејмс Веб телескопот (с) NASA
Кога телескопот ќе биде поставен во хелиоцентрична Л2 орбита, ќе претставува најмоќна опсерваторија воопшто направена. Со помош на Џемс Веб телескопот ќе се набљудуваат процесите кои се одвивале во најраната фаза на зачетокот на Универзумот, односно создавањето на првите ѕвезди и почетниот развој на галаксиите. Ќе има уникатна можност за лесно откривање на составот на атмосферите на егзопланетите, од каде би можеле да добиеме прелиминарни податоци за развој на живот на други ѕвездени системи. Неговите сензори во инфрацрвена светлина може да откриваат многу бледи и оддалечени објекти во нашиот Сончев систем, со што ќе добиеме подобра претстава за надворешниот дел од Сочевиот систем и евентуално откривање на други други планети, џуџести планети и помали објекти кои орбитираат околу Сонцето.
Џејмс Веб телескопот
Макета 1:1 на Џејмс Веб телескопот
https://youtu.be/bTxLAGchWnA
(Астрономски центар Орион)
http://www.orion.mk/