Евростат: Колкави се минималните плати во ЕУ

Сподели

Брисел – највисоката минимална плата во ЕУ, во износ од 2.000 евра, во моментов се плаќа во Луксембург, а на дното на листата се Македонија и Бугарија со минимална плата од 235 евра, според Агенцијата на Европската Унија за статистика, Евростат

Од вкупно 28 земји членки на Европската унија, 22 држави имаат загарантирана минимална плата, но таква регулатива не постои во Данска, Финска, Шведска, Австрија, Италија и Кипар.
Во десет земји, минималната плата е помала од 500 евра. Во аа група спаѓаат Бугарија, Македонија, Романија (275), Латвија и Литванија (380), Чешка (407), Унгарија (412), Хрватска (433), Словачка (435), Полска (453) и Естонија (470).
Минимална плата помеѓу 500 и 1.000 евра се исплаќа во Португалија (650), Грција (684), Малта (736), Словенија (805) и Шпанија (826).Во групатана земји со повисока минимална плата од 1.000 евра се Велика Британија (1.397), Франција (1.480), Германија (1,498), Белгија (1532), Холандија (1552), Ирска (1563) и Луксембург (1999).
Најголемо зголемување на минималната плата во последните осум години од 109 проценти е забележан во Бугарија, во Романија се зголемила за 99 отсто, а во Словачка 80 проценти. Намалување на минималната плата е забележано само во Грција, и изнесува 14 проценти.