Британската влада ја одби петицијата на 2 милиони луѓе, кои се против посетата на Трамп

Сподели

 

Британската влада и официјално ја отфрли петицијата со која се бараше одложување на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Британија.

Речиси 2 милиона луѓе ја потпишаа Петицијата, која беше поставена на веб страницата на Парламентот и чиј број на потписници постојано се зголемува.

Во писмениот одговор од Министерството за надворешни работи, Владата вели дека не се согласува со барањето и дека ќе обезбеди државна посета со сите почести за американскиот претседател.

-Владата е уверена дека претседателот на САД треба да биде пречекан со сите почести на една државна посета. Очекуваме да му посакаме добредојде на претседателот Трамп. Владата ги цени и ставовите изразени од страна на многумината потписници на петицијата, но не ја поддржува, се вели во соопштението.

Коалицијата Стоп Трамп, во која има и пратеници од неколку партии, претставинци на работничките синдикати и активисти се заканија со најголемите анти расистички протести во Британија, независно каде ќе биде државната посета на Трамп.

Портпаролот на коалицијата вели дека од премиерката Тереза Меј било побарано да ја покаже својата заложба за граѓаните и да заземе став против расизмот. Но, како што рече тој, таа одлучила да застане на страната на како што го нарече Трамп „разгневен мегаломанијак“.