БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

Сподели

Движењето Беса преку соопштение информираше дека не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на албанските парти во Македонија.

 

Од Беса велат дека средбата е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија.

„Движењето Беса стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја присвоија Декларацијата, сепак Движењето Беса ќе продолжи да ја поддржува Декларацијата и кога овие точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, нашите пратеници ќе ги поддржат истите“ соопштуваат од Движењето Беса.

Средбата на албанските партии во хотелот „Арка“ се одржува на иницијатива на претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села за партиите да ги разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада како и да разговараат за понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На средбата, освен Села, присуствуваат и Гзим Острени, претседател на Унитети, Весел Мемеди од Нациолната демократска преродба, претседателот на ДУИ Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби.