Законот за албанскиот јазик помина во ДУИ, одлуката за потписите во рацете на Ахмети

Сподели

 

Централното претседателство на ДУИ го овластило лидерот на партијата да има мандат во секој момент да донесе одлука за потписите на пратениците на ДУИ за поддршка на Зоран Заев да го земе мандатот од шефот на државата, потврдуваат високи партиски функционери за ТВ 24.

Во однос на законот за употреба на јазиците, истите извори брифираат дека   членовите на ДУИ по повеќе од седум часовна дебата дале поддршка за законот,но и ги овластиле преговарачите да ги допрецизираат малкуте незавршени делови во него со тимот на СДСМ.

Од ДУИ не сакаат да откријат детали, што значи овластувањето за лидерот и кога може да се очекува Ахмети да ја донесе конечната одлука, особено по најавата дека состанокот на ЦП продолжува в петок.