Унгарија подига нова ограда долж границата со Србија

Сподели

 

Лазар Јанош, министер во унгарската Влада, на прес-конференција во Будимпешта истакна дека Владата на Унгарија донела одлука за подигање нова ограда долж границата со Србија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Унгарската Влада одлучи зад постоечката да подигне уште една ограда од жица на границата со Србија“, изјави Јанош, додавајќи дека на тој начин ќе се зајакне заштитата на границите, но и безбедноста на граѓаните на Унгарија.

Тој истакна дека за барателите на азил ќе бидат подготвени пунктови на границата, каде ќе чекаат одговор за време на процедурата за добивање азил.

„Бегалците не ќе можат слободно да се движат во земјата“, изјави Јанош.

За новата заштитна ограда, која ќе биде подигната во должина од 175 километри на унгарско-српската граница, унгарските власти издвоија 38 милијарди форинти, односно околу 123,5 милиони евра.

Anadolu Agency