Германија и понатаму добива барања за азил од Турци со дипломатски пасоши, поради акциите против турската опозиција по неуспешниот воен удар извршен во јули минатата година.
Истражувачката група на медиумските куќи ВДР, НДР и „Зидојче цајтунг“ соопшти дека 136 лица со турски дипломатски пасоши побарале азил од август 2016 година до јануари 2017 години.
Истражувачката група во ноември регистрирала 53 апликации.
Не е познато колку од барателите на азил се дипломати, а колку членови на нивните семејства. Нема информации за тоа колку барања се одобрени.
Ситуацијата предизвика дипломатски тензии меѓу двете земји.