ИЗЛОЖБА во Чифте Амам: “Жените и по некој маж” – Зоран Кардула

Сподели

Национална галерија Чифте Амам, 25.март – 30.март

“Жените и по некој маж” – Зоран Кардула

“Ова е моја втора самостојна изложба во Скопје. Тема на оваа изложба ќе биде исто како и во претходната “Жената” – нејзината убавина, мистичност и елеганција, но како што гласи и името на самата изложба се појавува и по некој маж. Делата ми се изработени во дигитална графика (комбинација од туш техника со дигиталнен колорит). Ќе бидат изложени 40 дела изработени во периодот од 2015 до 2017 година. Некои од делата веќе можат да се видат на мојата ФБ страна facebook.com/art.cardula и изложбата ќе биде отворена од 25 март до 31 март 2017 година. Голема благодарност до управата на Чифте Амам која ми ја овозможи оваа изложба да се случи токму таму, исто така благодарност до галеријата Анагор како и до Кома дизајн. Се надевам дека ќе уживате во моите дела.”

Зоран Кардула