Помалку од половина Американци сметаат дека новиот американски претседател Доналд Трамп добро ја извршува неговата работа, покажува најновата анкета на дневникот „Волстрит журнал“.
Според истражувањето што е спроведено во периодот од 18 до 22 февруари, а објавено вчера, 44% од испитаниците го одобруваат начинот на кој Трамп раководи со земјата, 48% не го одобруваат, додека 8% немаат определно мислење.
Исто така, 32% од испитаниците наведоа дека во првиот месец од управувањето се покажало дека претседателот Трамп не е „зрел за да ја извршува функцијата“, јави „Гласот на Америка“.
Трамп е единствен претседател во современата историја на САД кој го започнал мандатот со негативен рејтинг – минус четири.