СЈО најави прес-конференција во 12 часот

Сподели

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот најави нова конференција за медиуми. Оттаму не најавуваат за што ќе станува збор на прес-конференцијата ниту дали ќе биде презентирана нова истрага.

Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 18 ноември лани, кога го презентираше случајот „Таргет“ во кој откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникации, во период од 2008 година до 2015 година.

Последните два случаи што ги отвори СЈО, „Тенк“ и „Тарифа“, не беа презентирани на конференција за медиуми, туку СЈО за нив информираше преку соопштение за медиуми.

Во случјаот „Тенк“ станува збор за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра за поранешниот премиер, додека истражната постапка „Тарифа“ е за јавна набавка на софтвер за потребите на акционерското друштво „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), за сума од 4.092.420 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, а на штета на државата.

meta.mk